Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

ЗНМ со пријава до МВР за онлајн закани кон Коле Чашуле

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и говорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува заканите и говорот на омраза упатени кон уредникот на Алфа ТВ, Коле Чашуле, објавени од неколку корисници на социјалните мрежи.

Загрижува фактот што овие напади произлегуваат од монтирано видео со јасна намера за дискредитација на новинарот и поттикнување негативни реакции кон него.

Ваквите постапки претставуваат загрозување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите – принципи кои се важни за едно демократско општество. ЗНМ ваквото однесување го смета за неприфатливо и повикува надлежните институции да преземат соодветни чекори за идентификација и санкционирање на сторителите.

Реклама

ЗНМ ќе го пријави случајот до Министерството за внатрешни работи (МВР) и ќе инсистира на темелна истрага за утврдување на одговорноста. Апелираме до јавноста да не подлегнува на дезинформации и говор на омраза, а до институциите – да обезбедат постојана и ефикасна заштита на медиумските работници.