Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

ЗНАМ: Нема политичко влијание во тендерската постапка на ЈП Македонски пошти

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со дeнешната прес конференција на СДСМ, а во однос на тендерската постапка на хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти, сакаме да ја информираме јавноста дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија нема никакво партиско-политичко влијание во ниту една ваква постапка, се наведува во реакцијата на ЗНАМ на денешната прес-конференција на опозициската СДСМ.

Точно е дека господинот Сашо Петровски беше носител на советничката листа за општина Кисела Вода, но не е носител на каква било партиска функција. Тој е приватен стопанственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и во минатото има сериозно професионално портфолио во оваа сфера во одржувањето на приватни компании, но и државни институции.

Што се однесува до конкретниот случај, несакајќи да навлегуваме во материјална дискусија, доколку кој било надлежен орган утврди каков било конфликт на интерес, прекршување на постапката или прекршување на законите, ги повикуваме надлежните да постапат согласно законската норматива.

Реклама

Во спротивно секој го има демократското право да води сопствен бизнис и да учествува на јавните конкурси.
ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ се оградува од било каква инволвираност во ваквите случаи.