Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ЗНАМ го усвои Акцискиот план за 2026 – започнува кампања под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија одржа седница на Централниот одбор во проширен состав, на која присуствуваа претседателот на Градската организација, членовите на пратеничката група, како и претседателите и секретарите на општинските организации, стои во партиското соопштение.

На седницата беше усвоен Акцискиот план за оперативно делување на Движење ЗНАМ за Наша Македонија за 2026 година, стратешки документ кој го означува следниот чекор во политичкото и организациското јакнење на движењето. Акцискиот план предвидува отпочнување на низа конкретни активности насочени кон изградба на силна и модерна политичка организација, меѓу кои:

•       формирање на Клуб на млади и Клуб на жени
•       воспоставување на Внатрепартиска академија – Институт за едукација
•       избор на регионални координатори и нивни заменици
•       формирање на работни тела и комисии за креирање политики
•       регионални средби и посета на сите 53 општински организации
•       избори и формирање на нови општински организации
•       организирање трибини и панел-дискусии низ целата држава
•       како и избор на меѓународен секретар.

Реклама

Централниот одбор донесе и одлука во текот на второто тромесечие од годината, во пресрет на две години од формирањето на Владата, Движењето ЗНАМ да започне широка политичка и теренска кампања низ целата држава, под слоганот „Европски реформи, европски институции, европска Македонија“. Преку јавни трибини, средби со граѓани, посети на општини и работилници, функционерите на ЗНАМ ќе ги презентираат конкретните резултати, реформи и политики реализирани во рамки на две годишното делување во Владата, испраќајќи порака дека политиката се мери со дела, резултати и одговорност пред граѓаните.

Движењето останува доследно на својата мисија да изгради силна, правна и стабилна Македонија, во која институциите работат во интерес на граѓаните, а државата со достоинство и јасен национален интерес чекори кон својата стратешка цел – полноправно членство во Европската Унија.