Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Зимската служба на ЈП „Комуналец“ – Кавадарци е спремна за новата зимска сезона

Зимската служба на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци е спремна за новата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зимската служба на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци е спремна за новата зимска сезона, беше кажано на денешната прес-конференција во кругот на претпријатието. 

– Денеска е извршена контрола на возилата на зимската служба при ЈП „Комуналец“ – Кавадарци од страна на раководни лица од општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“. Притоа беше констатирано дека зимската служба е спремна без никакви проблеми да одговори на задачите што претстојат во следниот период, како во градот, така и во селата што се наоѓаат на целата територија на општина Кавадарци, беше соопштено на настанот. 

Притоа, беше посочено дека од страна на ЈП „Комуналец“ се набавени доволни количини на сол и ризла.

Реклама

– Исто така, од страна на општествено – одговорната фирма „ЈАМИ“ е отстапено едно возило за зимската служба без никаков надомест, беше подвлечено на пресот.