Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Жугиќ: Загадениот воздух убива кога власта е неспособна, Заев и Шилегов не инвестираа ниту денар за подобрување на квалитетот на воздух

Пред да почнам со изјавата би сакала да ве известам дека поради…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред да почнам со изјавата би сакала да ве известам дека поради огромните бројки на заболени од вирус, вечерва одлучивме овој протест да го спроведеме со намален број на присутни, почитувајќи ги законските мерки на присутност на протест, ова вечерва од протестот од пред владата го истакна Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се наоѓаме на прагот на грејната сезона, а мерните станици за загаденост на воздухот мерат 5-6 пати зголемено количество на канцерогени ПМ-10 честички во воздухот како во Скопје, така и во Битола, Тетово, Кичево и други градови низ Македонија. Загадениот воздух убива кога власта е неспособна. Зоран Заев пред 4 години вети дека откако ќе дојде на власт веднаш ќе го подобри квалитетот на воздухот и ќе го намали загадувањето. Зоран Заев ветуваше дека државата ќе инвестира во подобрување на квалитетот на животната средина и атмосферскиот воздух. 4 години потоа Зоран Заев нема спроведено ниту една мерка во насока на намалување на загадувањето. Македонија секоја зима се гуши. Скопјани дишат отров наместо воздух. И ниту Заев, ниту Шилегов како градоначалник на Скопје не направија ништо конкретно за намалување на загадувањето. Зоран Заев, човекот што на цел глас викаше, верувам се сеќавате „Ајро, Ајро, Ајро“ сега седи во премиерската фотелја во зградата зад нас, дели тендери на потесното семејство и воопшто не му е грижа за граѓаните кои се гушат во смог, вели Жугиќ.

Таа додава дека воздухот никогаш не бил позагаден, а негрижата на власта за здравјето на сопствените граѓани никогаш не била поголема.

Реклама

-ВМРО-ДПМНЕ вечерва остави тегли со чист воздух од врвот на Водно пред Влада, бидејќи воздухот што го дишеме е се само не е чист. Чистиот воздух станува привилегија. Граѓаните се осудени да се гушат во смог заради неспособната власт, и нема да не изненади ако некоја следна бизнис идеја за која ќе бидат потрошени народните пари биде токму чист воздух во тегла. Иронично, но за жал крајно, крајно трагично! Дека нема напредок воопшто и подобрување на полето на квалитетот на воздухот нотира и ЕК(Европската Комисија) во нејзиниот најнов извештај за Македонија, каде тие кажуваат дека власта нема направено ништо за намалување на загадениот воздух, ниту централната, ниту локалната, иако се и двете под една партија. Ова почитувани граѓани е црвен картон и за Заев и за Шилегов, вели Жугиќ.