Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Живко Попов: Потребен е рестарт на системот за напредок на државата, европскиот пат единствена опција

Децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот доведоа до девастирана држава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот доведоа до девастирана држава со нефункционални институции. Поради тоа во последните години ни се случија неколку масовни несреќи меѓу кои и последната трагедија во Кочани. Потребна е целосна поддршка на енергичните напори и заложби на институциите на државата за расчистување на овие случаи. Претседателот на МАНУ Живко Попов смета дека навремената и компетентна реакција на здравствениот систем, полицијата и обвинителството покажа дека и во тешки кризи сепак имаат капацитет да реагираат соодветно. Ова дава надеж дека Македонија ако продолжи да се менува на ваков начин, граѓаните ги очекува многу посветла иднина. Попов во своето елспозе на годишното собрание на Македонската академија на науките и уметностите порача дека потребна е стратегија за напредок на државата која заедно ќе ја спроведуваат научниците, власта, претставници на институциите. Потребен е рестарт, ако сакаме да одиме напред.

Децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот, кои доведоа до девастирана држава со нефункционални институции. Како резултат на тоа, во последните години ни се случија неколку масовни несреќи, меѓу кои и последната голема трагедија во Кочани. Потребна е целосна поддршка на енергичните напори и заложби на институциите на државата за расчистување на истите. Верувам дека е возможно рестартирање на државниот систем и доколку успееме на институциите да им го вратиме барем нивото кое го имаа при осамостојувањето на земјата, навистина ќе постигнеме огромен успех. Со вака конципирани институции, Република Македонија многу тешко ќе се справи со предизвиците што ја чекаат при отворање на поглавјата за членство во ЕУ, рече Попов.

МАНУ е подготвена да помогне во однос на сите важни круцијални теми и прашања, да даде стратегиски насоки за развој на македонското општество кое се соочува со тешки предизвици. Од реформи во правосудниот систем, преку борба против корупцијата, елиминирање на партизацијата на институциите, до инвестиции во инфраструктурата, здравствениот систем, образованието и зајакнување на економијата.

Реклама

Партизацијата на општеството доведе до нефункционален правосуден систем. Вистина е дека се направени повеќе квалитетни реформи во правосудството со добри решенија, но тие имаат слаба имплементација. Тоа што најмногу ја бранува јавноста е Републичкиот судски совет и Академијата за судии и обвинители, рече Попов, според кого Судскиот совет „во неговото досегашно делување не се покажа доволно силен, убедлив и компетентен да ги наметне своите одлуки.

Попов е дециден дека европскиот пат на Македонија е единствена правилна и реална опција, но со години земјава е жртва на билатерални спорови и не фер критериуми. Јасно е дека без Западен Балкан ЕУ не е комплетна, но потребна е поголема подршка од Брисел. Подобрувањето на односите на Македонија со американската администрација предводена од Доналд Трамп според Попов му влева надеж на македонскиот народ дека може да добие поддршка во решавањето на спорот со Бугарија.

Тоа на поголемиот дел од македонскиот народ му влева надеж дека може да добие одредена поддршка во решавањето на билатералниот спор со Бугарија и во подобрувањето на релациите со Брисел. Република Македонија не може да биде поштедена од последиците на војната во Украина и таа мора да си го најде своето безбедно место во светот и за тоа сведочат дипломатските усилби на Владата, земјата да биде поддржана од повеќе стратешки партнери, што само може да и донесе корист на државата. Во ваква ситуација мора да се реагира мудро и навремено.  Европскиот пат, сепак, е наша единствена права и реална опција бидејќи ние сме пред се Европејци, а исто така и Европската Унија е свесна дека европскиот континент никогаш нема да биде комплетен без Западниот Балкан и затоа проширувањето на ЕУ повторно станува приоритет кој не смееме да го пропуштиме. ЕУ нам ни е потребна како високоразвиена економска и политичка заедница која може да ни помогне да ги достигнеме нејзините стандарди и вредности – рече претседателот на МАНУ.

Академиците се согласија да продолжат да работат посветено за понатамошно зајакнување на институционалниот капацитет на МАНУ и нејзиниот дигнитет како највисока самостојна научна и уметничка институција која 60 години е еден од главните столбови на идентитетот, државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат овде.