Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Живко Митрески: Граѓанскиот суд донесе пресуда со која потврди дека во 2017 година нелегитимно сум сменет, сите одлуки на ССМ оттогаш се ништовни

Живко Митрески, кој ја извршуваше функцијата претседател на Сојузот на синдикатите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живко Митрески, кој ја извршуваше функцијата претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија до 2017 година, денеска на прес-конференција соопшти дека Граѓанскиот суд во Скопје донел пресуда со која се потврдува дека бил незаконски сменет и дека сите одлуки што од тогаш до денес се донесени од страна на ССМ се ништовни.

Во пресудата стои дека за ништовна се смета одлуката за избор на претседател на ССМ од 6.12.2017 година донесена на вонредниот конгрес на ССМ одржан на 6.12.2017 година и дека ништовни се и сите дејства и донесени акти преземени од сега починатиот Дарко Димовски.

– Кога вие ќе утврдите нишоавност на неговата промена, се враќаме во поранешната состојба. Претседателот доаѓа на својата функција и врши ревизија на сето што е понатаму направено, а тоа по став 2 јасно го кажува судот велејќи дека се утврдува ништовност и на сите дејства и донесени акти по 2017.

Реклама

Значи, кога нешто се носи како ништавност, тоа е од моментот на неговото донесување – 2017 година. Сè по него, по начелото на акцисорност, отпаѓа. Нормално, по тоа, синдикатот работи, носел одлуки. Затоа ќе се повика Државната ревизија, ќе направи длабинска стручна ревизија да се утврдат недоследности, а сите донесени одлуки од нелегитимно избраните раководства ќе подлежат на верификација на легално избраниот синдикат – појасни адвокатот Сашко Станинов на прес-конференцијата.

Митрески вели дека следен негов чекор ќе биде да се врати во синдикатот и да изврши консолидација. За актуелниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, вели дека има тотално непознавање и не знае да води синдикална организација. 

– Жалам што во тој момент не направивме приправнички испит да видиме колку знае бидејќи покажа тотално непознавање за водење една ваква историска организација – рече Митрески.  

Митрески посочува дека пресудата не се однесува лично на Дарко Димовски, туку на функцијата. 

Митрески беше претседател на ССМ до 2017 година кога го наследи Дарко Димовски, а по неговата смрт, за нов претседател на ССМ беше избран Слободан Трендафилов, кој сега ја извршува функцијата претседател на ССМ.