Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Жителите на Подмоље и Оровник задоволни што конечно ќе добијат пристапни патишта

На околу 8 километри од Охрид се наоѓаат првите села Подмоље и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На околу 8 километри од Охрид се наоѓаат првите села Подмоље и Оровник чии жители една деценија чекаа да се направи долго ветуваниот автопатот. Во денешната обиколка на овие села, мештаните со нас споделуваа задолство од динамиката со која се работи на автопатот, а тоа значи дека час поскоро ќе добијат и пристапни патишта.Станува збор за густо населени средини кои успешно почнале да го развиваат туризмот и не ја изгубиле надежта дека работите ќе мрднат од мртва точка, иако со години не се работело на терен,се до момент кога дознале дека во проектот за автопатот заборавиле да направат пристапни патишта.Ова за нив било поразително сознание.

-“Па шоканто беше и населението бараше да има премин кај бензинската пумпа.Би требало да се направи, очекуваме нормално и моментално се гради доста;-Јас мислам дека ќе биде се во ред,ни Париз не е направен во еден ден.Мислам се е биде во ред, ќе се направи и тој спореден пат што треба да го поврзува Струга и селата да тргнеме од Требеништа Горенци, Оровник,Подмоље.Јас мислам дека ќе биде се во ред напорно работи оваа влада; – За снаоѓање тешко се снаоѓаме ,префрламе преку патот а не е безбедно коли врват нон стоп,како во карантин сме фактички.Немаме сите кола со автомобил да излезиме од таа страна таму, мора да префрламе преку улица да гледаме внимателно за да префрлиме. Плус одиме прва,втора, трета смена на работа и тешко додека не се изгради мостот многу тешко; -Тоа на поранешната влада грешка е не е од сегашната,сегашната влада работи турбо,тоа е многу убаво.Имоти имате од другата страна,како одите? Имам преку Оровник си вртам нормална работа е тоа.Не ви претставува проблем ?Не, зошто проблем кога се работи не е проблем,работата е кога не се работи кога се краде.Сега работат овие браво”-велат мештаните

Сега кога се гледа крајот, треба трпение оти една куќа да направиш треба да ти помогне соседот,разумни се мештаните кои се задоволни од неодамнешното пуштање во употреба и на клучката кај Подмоље.

Реклама

Владата нема да дозволи 15.000 луѓе кои што живеат во селата долж автопатот Кичево-Охрид да бидат отсечени.Се додека не се завршат пристапните патишта за сите населени места,тој нема да биде пуштен во употреба.Моментално се работи и на 16 натпатници,нема да има село кое нема да биде поврзано ли дирекно на автопатот или со пристапен пат. Инаку на оваа автопатска делница се работи со полна пареа,се асфалира,се прават натпатницитеа денес ,се поставуваа и еластичните огради.