Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Жителите на Пчиња на средба со локалната власт во Куманово, наскоро дополнителна механизација за Краста

Дополнителна механизација и земјиште ќе бидат ангажирани за санација на депонијата Краста,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дополнителна механизација и земјиште ќе бидат ангажирани за санација на депонијата Краста, најави денеска кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по одржаната средба во општината со жители од селата Пчиња, Студена Бара и Винце. На средбата присуствувале и дел од пратениците и претставници од Советот и од директорот на ЈП „Чистота и зеленило“.

Димитриевски рече дека со жителите заеднички било констатирано дека се потребни дополнителни сили и техничка механизација за справување со деценискиот проблем со опожарувањето на депонијата.

– Општина Куманово ќе ангажира дополнителни сили со техничка механизација да излезе на терен, а ќе побараме помош и од општествено одговорни компании во градот и дополнителни количини земјиште кои треба да се распространат на моменталната локација, изјави Димитриевски.

Реклама

Претседателот на Месната заедница Пчиња, Александар Илиевски, рече дека на средбата било договорено во рок од два дена да биде обезбедена соодветна механизација за санација на депонијата, но оти жителите очекуваат решение на проблемот на повисоко ниво.

– Дојдовме до усмен договор дека Општина Куманово ќе испрати соодветна механизација со која ќе се санира состојбата. Но, тука не гледаме решение со два дена машини и земјиште. Бараме на повисоко ниво да се разгледа нашиот проблем и очекуваме позитивно решение за овој повеќедецениски проблем за мештаните, рече Илиевски.

Димитриевски посочи дека проблемот со депонијата Краста не е од вчера и дека врз состојбата влијаат и временските услови и одржувањето на депонијата.

– Минавме низ летен период со високи температури и дополнително недоволна интервенција со механизација на самата депонија. Ќе се обидеме да го надоместиме тоа и краткорочно да го решиме проблемот, рече Димитриевски.


Како долгорочно решение тој го посочи проектот за изградба на претоварна станица и фабрика за преработка на отпад за Источниот и Североисточниот регион на локацијата Мечкуевци кај Свети Николе.
Кумановскиот градоначалник, кажа дека добил информација од Министерство за финансии оти проектот е во напредна фаза. Како што рече целокупната документација од евалуацијата и тендерската постапка е доставена до Канцеларијата на Европската Унија, од каде што се очекува мислење за продолжување на постапката и избор на најповолен понудувач.

– Верувам дека, доколку сè биде како што треба, проектот ќе биде имплементиран во следните две години. Тоа не зависи од Општина Куманово, туку од ресорното Министерство за животна средина. Во моментов треба само да купуваме време и максимално да му помогнеме на нашето јавно претпријатие да се справи со овој децениски проблем, рече Димитриевски.