Жител на дебарското село Бомово бил лишен од слобода откако запалил поголема количина сува трева при чистење на нива, по што огнот се проширил и предизвикал пожар.
Како што информира МВР, на 4 октомври во 18:50 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода В.М. (40) од село Бомово.
Претходно било пријавено дека В.М. при чистење на својата нива во атарот на селото запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3.000 квадратни метри.
Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

