Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Жичницата на Водно е безбедна и со валиден сертификат, велат од ЈСП Скопје

Жичницата на Водно ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност и поседува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жичницата на Водно ги исполнува сите пропишани стандарди за безбедност и поседува валиден сертификат за работа до 24 септември 2025 година, велат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Оттаму реагираат на информациите во одредени медиуми кои претходните денови пишуваа дека безбедноста на жичницата е нарушена и дека подолг период функционирала без дозвола.

„По многуте пишувања и шпекулации во јавноста, должни сме да не дозволиме да се создаде паника. Во моментов се изведуваат сервисни активности за замена на делови предвидени со редовниот годишен сервис“, велат од ЈСП Скопје.

Реклама

Оттаму велат и дека во текот на вчерашниот ден бил спроведен вонреден детален технички инспекциски надзор од страна на Министерството за транспорт и врски, при што не биле утврдени никакви технички недостатоци, туку само било констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.

Жичницата на Средно Водно, која служи за превоз на граѓаните до Милениумскиот крст, моментално не е во функција поради голем сервисен зафат, а од јавното претпријатие велат дека штом завршат работите, повторно ќе биде пуштена во употреба.