Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државата

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан за време на викендите. Повеќето од патниците, пред сè, од пограничните места во соседна Албанија, доаѓаат во Струга на кратки еднодневни посети да наполнат гориво и да набават прехранбени продукти. Зголемена фреквенција се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд.

Според податоците на СВР Охрид, на почетокот од овој месец протокот на патници преку Ќафасан бил 11 проценти поголем во споредба со истиот период лани.

– Во период од 1 до 6 април во Полициската станица за ГП Ќафасан остварен е проток на 40.734 патници, што е за 11 проценти зголемување за истиот период во 2025 година кога на овој премин поминале 36.775 патници. Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници (18.351 во 2025 година), а излегле 19.782 (18.424) – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски, порано неделава, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви стравувања, иако потрошувачката е зголемена на дневна основа поради притисокот на одредени погранични места.

– Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, од 1,5 милион литри на ден на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката од 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.

Зголемување на протокот на патници за влез и излез на ГП Ќафасан, според статистиката на полицијата, има и во првите три месеци од годината во споредба со истиот период од лани.  

–  Проток на патници на ПС за ГП Ќафасан за јануари, февруари и за март 2026 година, во споредба со истиот период 2025 година, е зголемен за 6 отсто. Во првите три месеци од оваа година остварен е проток на 435.534 патници, а истиот период во 2025 година – 411.677 патници. Во овој период во државата влегле 223.498 годинава (211.878 – 2025), а излез направиле 212.036 (199.799) патници – изјави Димоски.