Реклама

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонија

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција

Завршувањето на продолжениот празничен викенд во кој беа споени три неработни денови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршувањето на продолжениот празничен викенд во кој беа споени три неработни денови, поради празнувањето на Голема Богородица, очекувано предизвика застој на граничните премини со соседна Грција за влез во државата, покажуваат реакциите на домашните и странски туристи кои се враќаат од грчките плажи.  

Реакциите за поголемо чекање за влез во државата во текот на денешниот ден можеа да се забележат во групите на социјалните мрежи каде граѓаните споделуваат видеа и слики со коментари од неколкукилометарски долгите колони за влез во нашата држава.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ги преземаат сите потребни мерки, со спроведување на задолжителните гранични проверки, како и дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници.

Реклама

– На граничниот премин “Дојран” во изминатите 24 часа влез во државата оствариле 2876 македонски државјани, а излез оствариле 1181 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 1593, а 908 лица ја напуштиле нашата држава, информираат од МВР.

Оттаму велат дека за истиот временски период на граничниот премин “Богородица” влез во државата оствариле 2040 македонски државјани, а излез оствариле 3116 македонски државјани. Бројот на странските државјани кои во истиот период влегле во нашата држава, според информациите на МВР, изнесува 7632 патници, a ја напуштиле нашата држава 4280 лица.