Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи

– Во изминатата недела е забележано значително зголемување на бројот на деца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во изминатата недела е забележано значително зголемување на бројот на деца со респираторни инфекции на детското одделение во Општата болница во Куманово. Лекарите информираат дека дневно се извршуваат околу 80 прегледи, што претставува дополнителен притисок врз педијатриските служби.

Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека обемот на работа не е намален уште од септември, но дека во последните денови има нагло зголемување на бројот на пациенти.

-Од пред една недела ни е зголемен обемот на работа. Се јавуваат деца со респираторни инфекции, а имаме и хоспитализирани деца- изјави Арсовска.

Реклама

Таа појаснува дека најголем дел од децата првично се третираат кај матичните лекари, но во болничките установи доаѓаат со посериозни компликации.

-Кај нас доаѓаат деца со опструктивни состојби, пневмонии, вклучително и искомплицирани вирусни пневмонии. Изолираме и бактерии-вели педијатарката.

Дополнително, со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии, што дополнително ја отежнува здравствената состојба кај дел од децата.

-Сега е почеток на пролетните алергии – алергиски риносинусити и опструктивни бронхити, особено кај деца со астма- посочува Арсовска.

Таа препорачува родителите да обрнат внимание на превентивната терапија и контролата на средината во која престојуваат децата.

-Децата со алергии треба редовно да ја примаат препишаната терапија. Се препорачува да не излегуваат наутро кога концентрацијата на полен е највисока, а во домашни услови да се одржува хигиена и да се намали изложеноста на прашина-додава таа.

Според Арсовска, текот на алергиските заболувања и астмата е индивидуален и зависи од повеќе фактори, вклучително и имунолошкиот систем и генетската предиспозиција.

-Кај некои деца симптомите се повлекуваат со возраста, но кај други може повторно да се појават подоцна во животот, вели таа.