Реклама
Прилози

Земјоделците од истокот се заканија – Ако владата продолжи да тактизира со парите за обесштетување ќе има  протести

Земјоделците од Лозово се уште чекат на обештетување од државата. И покрај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделците од Лозово се уште чекат на обештетување од државата. И покрај тоашто од невремето кое во целост им ги уништи посевите помина повеќе од година и половина, нивните сметки се уште се празни. Од институциите бараат итна реакција. Не ја исклучуват веројатноста, парите да ги барат со блокирање на патишта. Револтот е голем, а надежта дека ќе добијат помош од државата полека ја губат.

  • „Парите не се добиени. Имав и јас лозје. Го уништи градот, помина Комисија од општината, ама пари не добивме. Имаше овде и поплави. Градот ги уништи посевите. Најмногу во Милино, Ѓуземелци. Уништени се лозови насади, тутун, многу култури беа уништени„ изјавија земјоделци од Лозово

Речиси сите жители на Лозово се земјоделци и својата егзистенција ја обезбедуват исклучиво од она што ќе го соберат од нивите.Градоначалникот на Лозово, се надева дека Владата конечно ќе ја убрза постапката и нема да се повторри последниот случај, кога за обештетување од невренето во 2018, парите на сметка на земјоделците легнаа дури лани.

  • „Од страна на општината, испратен е елаборатот до Влада, но се уште немаме никаков одговор од кога би можеле да почнат со исплата на парите. Ако се земе во предвид дека и со претходното невреме што го имавме во 2018 имавме еден ист таков проблемсо исплата на штетиве. Имам испратено неколку дописи со кои бараме да ни дозволат да ги исплатиме штетите и на оние лица кои се наследници на веќе починатите кои тогаш имале штети, но досега немаме добиено конкретен одговор„ изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.

Ланското невреме со град на крајот од мај кое во три наврати го погоди Лозово, причини штета од околу 650.000евра. При невремето погодени беа околу 500хектари обработливо земјиште под лозови насади, овошје, житарици и други земјоделски култтури.

Реклама

Александра Ристевска