Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Земјоделците контра фалбите на министерот Хоџа – расте револтот за доцнењето на субвенциите

Државните субвенции доцнат, нема зелена нафта, ниту пак Ковид помош од државата.…

Сподели:

Државните субвенции доцнат, нема зелена нафта, ниту пак Ковид помош од државата. Земјоделците разочарани зашто зашто се соочени со еден куп проблеми кои им тежат на глава. Се пожалија дека капак на се била скапата нафта. Според земјоделецот Игор Мирчески, не само што доцнат субвенциите за оваа година, туку дел не биле исплатени за 2017, 2018, и 2019 година.

  • Близу 60% од ланскиот ориз произведен во кочанско не е откупен, а скоро ќе започне жетвата од годинашнава реколта. Лозарите пак со проблеми не решени од лани. Реално сега просечната откупна цена треба да биде 18 денари за килограм. До надлежните веќе се испратени барањата. Ако во разумен рок не се добие одговор и не се решат основните проблеми тогаш велат организаторите и учесниците ќе има континуирани блокади на патиштата, се жалат земјоделците.

Земјоделците не само што се оставени без субвенции, туку веќе неколку години мака мачат и со откупот. Велат, дека нема култура која не завршила на депонија, или на буниште. Вината ја префрлаат кај министерството за земјоделство, зашто како што велат, иако се фалеше, сега не им обезбедиле сигурен откуп и високи откупни цени. Тутунот, млекото, грозјето, сѐ се продава за џабе.

Земјоделските маки не застануваат тука, ако во регионот земјоделците имаат големи поволности при купување на нафта, во Македонија само заради власта тие плаќаат 10 денари поскапа нафта како последица на акцизите и даноците.

Реклама
  • Ветуваа дека ќе имаме зелена нафта, но еве нема ни тоа. Требаше до сега барем малку да се ублажи ударот од секојдевните огромни давачки кои ги имаме, трошоците кои од ден во ден се се поголеми и поголеми, а никако некој да каже дека ќе стори нешто за нас, состојбата во земјоделството е хаотична, многу лоша, реагираат земјоделците силно погодени од актуалните случувања.

И додека земјоделците мака мачат со родот и откупните цени, ресорниот министер Арјанит Хоџа рече дека секогаш кога луѓето што протестираат се во право бил спремен да разговара за да изнајде решение, но барем за сега до тоа не дошло.

Инаку, последниот во низата протести беше во Прилеп. На улица излегоа сите,   сточарите, градинарите, тутунарите, лозарите, пчеларите, млеко и оризо производителите, кои јасно побараа владата да ги исполни дадените ветувања.

Борис Грујоски