Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Земјоделците да ги наводнуваат посевите и да ги почитуваат препораките за работа на отворено

Земјоделските производители да продолжат со  редовно наводнување, особено овие денови, кога, според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Земјоделските производители да продолжат со  редовно наводнување, особено овие денови, кога, според прогнозата, температурите ќе достигнат 40 степени. Да се наводнува исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот на растенијата и големо испарување, препорачуваат агрометеоролозите од УХМР.

Како што истакнуваат, топлото време ги зголемува транспирацијата евапорацијата, што доведува до поголема потрошувачка на вода.

-Растенијата губат повеќе вода преку транспирација отколку што нивниот коренов систем може да прими вода од почвата. Тоа може да предизвика нарушување на водниот баланс во растението – појавата на воден дефицит и суша. Затоа е потребно редовно наводнување на културите, исклучиво во ноќните или раните утрински часови, за да се спречи шок кај коренот и големо испарување, објаснуваат агрометеоролозите.

Реклама

Според нив, повеќето од културите се во фаза на интензивен раст и во фаза на берба.

-Пченицата е веќе прибрана или се прибира. По вршидбата зрното се досушува ако за тоа има потреба до 14 отсто влага, а потоа се складира во магацин или силоси, а сламата по жетвата се балира и се складира во камари до нејзина употреба. Пченката која е во интензивен пораст треба да се наводнува, иако се смета дека е отпорна на суша. Најголеми потреби за наводнување има во фазата метлење до налевање на зрното. Секој топлотен стрес и недостаток на влага во овој период може драстично да го намали крајниот принос, нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Дополнуваат и дека земјоделците треба да продолжат со грижата за посевите и со следење на евентуалната појава на болести и штетници.

-Неопходна е редовна контрола на посевите и преземање на редовните агротехнички мерки, но мора да се почитуваат и препораките за работа на отворено. Сите активности што се итни, треба да се извршуваат рано наутро или приквечер, потенцираат агрометеоролозите од УХМР.