Реклама
Македонија

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, во 1.14 часот регистрира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, во 1.14 часот регистрира земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2,9.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – соопшти Сеизмолошката опсерваторија.