Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

ЗЕЛС домаќин на 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе биде домаќин на 26. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија, на кој ќе се разговара за улогата на локалната власт во процесот на пристапување на земјава во ЕУ и за јавните набавки.

Како што стои во соопштението на ЗЕЛС, Заедничкиот консултативен комитет го сочинуваат 22 делегати, од кои по 11 од двете страни, избрани од редовите на градоначалниците и советниците, како и нивни заменици.

На првата сесија, посветена на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, предвидени се обраќања на претседателот на ЗЕЛС, министерот за локална самоуправа и претставник на Делегацијата на ЕУ во земјава. Онлајн ќе се обрати и генералниот секретар на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа, Матје Мори.

Реклама

За Локалната опсерваторија за спроведување на реформските агенди во Западен Балкан ќе говори Беса Речи, виш проектен службеник во Канцеларијата на Конгресот на Советот на Европа во Скопје. Втората сесија ќе биде посветена на јавните набавки, со излагања на домашни и странски експерти.

Изјави за медиумите се најавени за 11 часот, од претседателот на ЗЕЛС и копретседавач на Комитетот, Орце Ѓорѓиевски, заменик-министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими, и копретседавачот од Комитетот на регионите на ЕУ, Иван Гулам, градоначалник на Општина Пировац во Хрватска.

Заедничкиот консултативен комитет е воспоставен во 2008 година со цел да го унапредува политичкиот дијалог и соработката меѓу локалните и регионалните власти на Македонија и земјите членки на ЕУ, во контекст на европската интеграција. Неговата работа е насочена и кон размена на искуства за обврските што произлегуваат од членството во ЕУ, како и промовирање на напредокот на земјата во децентрализацијата и локалниот развој пред европските институции.

Комитетот одржува две седници годишно, една во Македонија и една во Брисел, а со него раководат двајца копретседавачи, по еден од двете страни.