Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Зеленикс – од предизвик до иновација“ – едукативно-креативен настан во Скопје

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска  организира едукативно-креативен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА денеска  организира едукативно-креативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје.

Настанот ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а целта е да се поттикнат младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи, зелени решенија за реални предизвици од нивната околина.

На отворањето, ќе се обратат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, како и дел од градоначалниците од Град Скопје.

Реклама

На настанот ќе учествуваат повеќе од 200 ученици од 23 основни училишта, кои преку практична работа, тимска соработка и претприемачки пристап ќе имаат можност да развиваат идеи и да ги претвораат во конкретни иновативни решенија.