Реклама

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија

Здружението на пензионери Куманово – зголемена исплата за солидарниот фонд за посмртна помош со незначителна задршка

Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина на Здружението на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Организацијата за солидарен фонд за посмртна помош и членарина на Здружението на пензионарите на седница донесе одлука за висината на задршката и исплатата на посмртната помош за пензионерите за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2026 година. Со оваа одлука, висината на исплатата за семејствата на починатите пензионери изнесува 40 000 денари, што претставува зголемување во однос на претходниот период, соопштија денеска надлежните од кумановското здружение на пензионери. Како што изјави Снежана Андова, претседател на Одборот на регистрираната организација за солидарен фонд за посмртна помош и членарина, станува збор за средства кои не потекнуваат од државниот буџет, туку се обезбедуваат исклучиво од личните придонеси на пензионерите.

-Ние одлучуваме за тие средства, бидејќи тие се лични средства на пензионерите. Тоа не се буџетски пари, ниту средства на товар на државата, туку на товар на секој пензионер, изјави Андова.

Одлуките за висината на задршката и исплатата, како што појасни таа, се носат на секои шест месеци од страна на Одборот и се објавуваат во Службен весник, со што се обезбедува транспарентност во работењето на фондот. Со најновата одлука, месечната задршка за солидарниот фонд е зголемена од 140 на 150 денари, односно за само 10 денари повеќе.

Реклама

-Сметаме дека ова зголемување нема значително да ги засегне пензионерите, а од друга страна обезбедува повисока финансиска поддршка за семејствата во најтешките моменти, нагласи Андова.