Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Здружението на Македонците од Албанија „Зошто“ потпиша меморандум за соработка со Општина Кичево

Делегација на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од претседателот Панди Јани, денеска престојуваше во Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, Александар Јовановски.

-На средбата разменивме мислења по повеќе прашања по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет, рече Панди Јани.

Според него, деновиве ваков документ бил потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, со што „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Реклама

-Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница, оценува Јани.

Изрази голема благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за довербата и поддршката, како и до целиот тим на „Зошто“ кој секојдневно работи посветено и несебично, во мисијата, која продолжува, чекор по чекор, во градењето посилна, обединета и активна заедница.

Здружението беше регистрирано на 25 септември, со седиште во Ресен, негова мисија е афирмација на македонската култура и идентитет, а името е инспирирано од романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најпознатите писатели во Албанија со македонско потекло.