Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Здравствена катастрофа: Битолчанка четири месеци чека за итна операција на колк

Блокирано здравство, гневни пациенти – граѓаните се погласни, се жалат оти болниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокирано здравство, гневни пациенти – граѓаните се погласни, се жалат оти болниците ги одбиваат за операции и прегледи под изговор оти работеле само со итни случаи.
Низ таква голгота минува и битолчанката Николина Мојановска која за Алфа сведочи оти четири месеци живее со неиздржливи болки, бидејќи на стартот од корона кризата и ја одложиле операцијата на колк за која чекала со месеци.

„Оттогаш, од 26 март, до сега чекам за операција. Со големи болки сум, прашувам во болница, ми кажуваат оти работеле само со итни пациенти. На нервна база, помислувам да испијам доволно лекови за да се спасам од болката“, вели битолчанката Николина Мојановска.

Директорката на битолската болница, каде требало да се изврши операцијата на Мојановска, во телефонски разговор за Алфа потврди оти за операција примале само итни и неодложни случаи, и пациенти со карцином, но вели тоа било согласно препораките на Министерството за здравство.
Министерот Филипче, уште пред еден месец се пофали оти болниците се враќаат на редовните активности и оти веќе биле направени списоци за сите пациенти со откажани интервенции.

Реклама

Владата и денеска без стратегија за враќање на сите здравствени центри во функција на граѓаните. Министерот вели, докторите биле потребни во ковид центрите, а онаму каде имало простор ќе стартувале со приоритетните операции.

„Точно е дека се подготвуваа за враќање во нормала сите ЈЗУ, но бројот на новозаболени го стопираше ова. Веќе разговаравме, онаму каде што е можно, не во сите ЈЗУ да се почне со работа, со операции на приоритетните случаи“, вели министерот Филипче.

Од почетокот на корона кризата граѓани се жалат дека прегледите закажани преку Мој термин им биле одложени на неопределено и не знаат до кога ќе трае ваквата неизвесност. И пациенти кои имале закажано термини во ГОБ 8 Септември се жалат оти се било стопирано. Таму се уште се чека за откажаните снимања на магнетна резонанца. Недостапни за пациентите се и гинеколошките слуги, за ова барем сведочат граѓаните кои помош бараат преку социјалните мрежи.

Биљана Божиновска