Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Прилози

Завршија преговорите меѓу САД и Русија за Украина: Договорен е самит меѓу Путин и Трамп

За неколку часа завршија директните преговори меѓу Соединетите Држави и Руската Федерација.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За неколку часа завршија директните преговори меѓу Соединетите Држави и Руската Федерација. Договорено е Вашингтон и Москва да разменат амбасадори, да се одредат преговарачи од двете страни, да се работи на создавање услови за враќање на меѓусебната соработка во сите сфери. Не е исклучена можноста да се одржи и самит меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во догледно време.

Русија останува на ставот дека дел од решението мора да биде и гаранција оти Украина никогаш нема да стане членка на НАТО зашто тоа претставувало директна закана.

„Верувам дека разговорите беа многу продуктивни. Навистина се слушнавме едени со други. Разговорите беа многу корисни. Се слушавме едни со други. Верувам дека американската страна сега има поголемо разбирање за руската позиција“ вели Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија

Реклама

Соединетите Држави сметаат дека ќе биде потребно време и долги разговори за да се постигне одржлив и траен мир, дека денешната средба била прв чекор кон долго и тешко патување.

„За да заврши конфликтот, сите кои се вклучени во него треба да бидат согласни. Од разговорите може да произлезат позитивни работи за Соединетите Држави, за Европа, за Украина, за светот. Целта на денешниот состанок беше да се продолжи она што започна со телефонскиот разговор Трамп – Путин“ кажа Марко Рубио, државен секретар на САД

Судбината на Украина по се изгледа директно ќе ја решаваат Соединетите Дражви и Русија. На разговорите во Ријад, во Саудсика Арабија, немаше претставници ниту од Киев ниту од Брисел.

Во меѓувреме укранскиот претседател Володимир Зеленски е во Анкара на средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Зеленски ја критикуваше средбата во Ријад и рече дека се разговара за Украина без Украина.

„Од суштинска важност е било какви разговори за крај на војната да не се водат без вклученост на засегнатите страни. За да има траен мир не смее да се направат грешки. На преговарачката маса мора да ги има сите страни 0 Америка, Европа и Украина“ вели Володомир Зеленски, претседател на Украина

Американскиот државен сектерар Марко Рубио рече дека во текот на натамошните разговори ќе бидат вклучени и Украина и Европската Унија. Рускиот министер за надворешни Сергеј Лавров, пак, не коментираше за тоа дали треба да има и други на преговарачката маса, но подоцна Кремљ соопшти дека Владимир Путин е подготвен да се сретне со Володимир Зеленски доколку тоа е неопходно.

Во меѓувреме претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со специјалниот американски пратеник за Украина и Русија, генералот Кит Келог.

„Претседателката ја потврди посветеноста на трајниот мир и истакна дека секое решение мора да ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, вчера собра дел од европските лидери на Самит во Париз, а остварил и телефонски разговори со американскиот и украинскиот претседател Трамп и Зеленски. Макрон изјави дека „трајниот“ мир во Украина мора да биде придружен со „силни и веродостојни безбедносни гаранции“.

Давид Крстевски