Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Економија

Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија

Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија целосно е завршена, а за десеттина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жетвата во битолскиот дел на Пелагонија целосно е завршена, а за десеттина денови ќе почнат подготовките за есенска сеидба, изјави, Стојан Христовски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола.

Според Христовски, жетвата е завршена според планираното, а во овој период земјоделците може да поднесуваат барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 

-Оваа година ожнеани се 12.000 хектари на кои беше посејана пченица, ожнеани се 2.900 хектари со јачмен, земјоделците од битолскиот регион, Новаци и Могила, ожнеаја 1.100 хелтари со маслодајна репка и 600 хектари на кои имаше тритикале. Следува кус одмор, а потоа и подготовки за есенска сеидба, изјави Христовски.

Реклама

Во ПЕ на МЗШВ во Битола и во дисперзираните канцелари во Општина Новаци и Општина Могила, во овој период, а најдоцна до 30 септември се врши доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. 

-Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка по површина и грло добиток, мерките за директни плаќања по единица производ, мерките за поддршка на влезните елементи во производството и мерките за мали земјоделски стопанства. Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ на регистриран откупувач. За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, обезбедени се податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури. Операторите од ПЕ Битола се на располагање секој работен ден и во диспезираните канцелари во Општина Новаци и Општина Могила, нагласи Христовски.

Од ПЕ на МЗШВ Битола појаснуваат дека поднесувањето на барањата се врши по електронски пат за што и оваа година е обезбедена помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.