Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика

Со прогласување на најдобрите натпреварувачи во повеќе категории, викендов во Делчево успешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со прогласување на најдобрите натпреварувачи во повеќе категории, викендов во Делчево успешно заврши годинешното издание на спортско-адреналинската манифестација „Enduro Off Road Делчево 2026“. Настанот, кој веќе традиционално се одржува неколку години по ред, и оваа година собра бројни љубители на мото-спортовите, оф-роуд возењето и четирициклите од целиот регион.

Натпреварувачите ги одмерија своите сили и вештини на тешките терени во неколку дисциплини: мотокрос (во класите до и над 250 кубици, како и јуниор и лајт категорија), АТВ (четирицикли) и џипови (поделени во категории до и над 2500 кубици).

За време на свеченото затворање и доделувањето на признанијата, организаторите изразија благодарност до сите учесници, спонзори, помагатели и јавни служби, истакнувајќи дека најважно од сè е што манифестацијата помина во фер атмосфера и без ниту една повреда.

Реклама

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, примајки плакета и благодарница, истакна дека овој настан е меѓу најголемите амбасадори и промотори на градот.

– Ова што го правите веќе неколку години по ред е за почит и за пример. Успеавте на крајот на годината да направите најголем настан во мото-спортовите во Македонија. Ви посакувам од следната година тука да изградиме и нова, убава мото-патека која ќе биде вашиот препознатлив белег и ќе овозможи уште посигурни и подобро организирани манифестации во иднина, порача градоначалникот Гоцевски.

Посебни аплаузи беа испратени за најмладите учесници во категоријата Мотокрос Јуниори, кои според организаторите се иднината на овој спорт во Делчево. Организаторите најавија уште поголем масовност и подготовка за следното издание во 2027 година.