Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Заврши судењето за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност и прибавување имотна корист, пресудата на 5 мај

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност и прибавување имотна корист, а одбраната оцени дека обвинението е неосновано и побара ослободување на обвинетите. Пресудата ќе биде изречена на 5 мај.

Јавниот обвинител Спасенка Андонова во изјава за медиумите, по рочиштето, рече дека уште при поднесувањето на обвинителниот предлог Обвинителството располагало со доволен број материјални докази.

– Од анализата на доказите и сите изведени искази јасно произлегуваат пропустите на обвинетите како полициски службеници, кои придонеле да се реализира имотна корист за правен субјект кој воопшто не бил наведен во записниците од контролите – рече Андонова.

Реклама

Таа додаде дека обвинетите не постапиле во согласност со деловите од анекс-планот, кои прецизно укажуваат каква документација треба да се обезбеди при акциска контрола и кого треба соодветно да легитимираат.

Во однос на третообвинетиот Темелков, Андонова наведе дека тој како командир имал сознанија за тоа кој правен субјект стопанисува со објектот.

– Од дописите од Министерството за економија, прибавени уште пред акциските контроли, јасно произлегува дека со клубот „Пулс“ стопанисувал друг правен субјект, а не оној против кој е поведена прекршочната постапка – истакна обвинителката изразувајќи уверување дека судот ќе донесе осудителна пресуда.

Одбраната, пак, побара ослободување на сите обвинети. Бранителот Гоце Ристов оцени дека Обвинителството не направило корекција, туку измена на обвинителниот предлог.

– Обвинителството не достави ниеден доказ од кој произлегува која бланкетна норма или подзаконски акт е прекршен ниту, пак, се утврди одговорност кај обвинетите – изјави Ристов додавајќи дека полицајците постапиле целосно во согласност со акцискиот план и анекс-планот.

И бранителот Роберт Марков посочи дека од исказите на сведоците произлегува оти полицијата нема надлежност да бара или контролира лиценци за работа.

– Лиценцата ја издава Министерството за економија и ја контролира ДПИ, а не МВР. Во анекс-планот е наведено решение за работа или тековна состојба, со сите релевантни податоци за правниот субјект – рече Марков нагласувајќи дека дури и самата лиценца не ги содржи податоците потребни за полициско постапување.

Според обвинението, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година, обвинетите Кире Богатинов и Горан Лазаров, при акциски контроли во кабарето „Пулс“ во Кочани, не постапиле целосно по анекс-плановите и во записниците внеле неточни податоци за правното лице, а иако биле констатирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, не била поведена соодветна прекршочна постапка. Третообвинетиот Александар Темелков, според Обвинителството, при одобрување на барања за поведување прекршочна постапка не ја проверил целокупната документација и покрај законската обврска. Со ваквите дејства, како што тврди обвинението, била прибавена имотна корист – неповедување прекршочна постапка за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани, подружница „Кабаре Пулс“.