Реклама
Македонија

Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево

Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши асфалтирањето на дел од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево, во должина од 160 метри, со што е комплетиран инфраструктурниот проект во делот познат како Шумски Расадник.

Како што информираа од Општина Делчево, претходно на оваа делница била изградена подземна инфраструктура, а покрај асфалтирањето на коловозот со ширина од шест метри, изградени се и тротоари.

Увид во завршните работи изврши градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој изрази задоволство од реализацијата на проектот и истакна дека изградбата на нови улици и подобрувањето на патната инфраструктура остануваат приоритет на локалната самоуправа.

Реклама

-Продолжуваме со инвестиции во патната инфраструктура со цел подобрување на условите за живот на граѓаните и обезбедување подобра поврзаност на новите станбени зони“, посочи Гоцевски.

Градежните работи ги изведуваше компанијата Стентон градба, а средствата за реализација на проектот се обезбедени од Светска банка преку Министерство за транспорт и врски.

Од Општината најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат активностите за унапредување на локалната инфраструктура во повеќе делови од градот.