Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“

Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за животно дело. Со многу овации, емоции, солзи, неколку минутен аплауз публиката му одаде почит на Стојан Троицки.

Признанија добија и уметничките директори на фестивалот „Макфест“, кои во изминатите 40 години биле дел од него. На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип синоќа во еден глас публиката пееше 16 безвремнските хитови, меѓу кои „Осамен“ на Трајче Манев, „Признавам“ на Маријана и Росана, „Моја гитара“ на Гиш. Питер Џон Босе со „ Самба во Штип“, „Ангели ме носат“ на Силви бенд, „Свирете ја зајди, зајди“ на Олгица Христовска, потоа „Сонце за три светови“ на Мики Јовановски Џафер, „Твоите очи сини“ во емотивна изведба на Тања Кочовска, Владо Јаневски со „Еден бакнеж“, Коки Јанков „Виолина и гитара“. Во еден глас публиката и Ристо Самарџиев ја пееја „Таму кај што си“, потоа „Љубов се пишува“ на Бојана Скендеровска, Јован Јованов и Маја Саздановскси хитот „Магија и Ти ме сакаш знам“.

Реклама

Публиката се потсети и на хитовите „Тања“ во изведба на Емил Канаваро и Дарко Андонов, „Не планирам“ на Ламбе Алабаковски и вечерта заврши со „Бела“ на Пајак и Лара.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ по повод 40. годишниот јубилеј не ги заборави и луѓето кои низ годините се зад сцената и новинарите и медиуми, на кои им беа врачени признанија, статуетки.

Штип во изминатите три денови живееше во ритамот на „Макфест“, на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беа испеани нови 27 композиции. „Макфест“ на јубилејното издание покажа дека останува симбол на Штип и на македонската песна. Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Штип и општествено-одговорни компании. И оваа година водители на „Макфест“ беа шармантните Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.