Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Милошоски: Во Извештајот на ЕК јасно пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило европското знаменце за носење закони, нешто што СДСM го злоупотребуваше

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на една од телевизиите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на една од телевизиите, каде говореше за актуелни теми поврзани со Извештајот од Европската комисија, за кој смета дека е реален приказ на состојбите во земјава, и се осврна на пофалбите и слабостите од истиот – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– По однос на Собранието, ние сме задоволни од проценките на овој Извештај, затоа што, прво, се оценува дека Собранието работи ефикасно. Второ, по однос на Реформската агенда, поминавме многу закони коишто беа предвидени во Реформската агенда и гледаме дека тоа е забележано од страна на ЕК. По однос на законите со европско знаменце, ние ги поминуваме на Комисијата за европски прашања со една нормална динамика и тоа што би сакал да го нагласам, во Извештајот категорично пишува дека владејачкото мнозинство ниту еднаш не го злоупотребило методот на европско знаменце за некој закон, којшто е надвор од европската регулатива да го протне како закон којшто му е важен на владејачкото мнозинство – посочи Милошоски.

За темата околу Изборниот законик тој кажа дека истиот се споменува како важен, бидејќи е дел од Реформската агенда, но како што вели, за жал, не е постигнат консензус.

Реклама

„Според мене, тешко би било да се постигне консензус, затоа што една од главните опозициони партии, во случајов СДСM и претседателот на СДСM, Венко Филипче, ја одбија поканата на министерот Шасивари да се вратат во работната група и да водиме дијалог за консензуален закон за избори. Мотивите се политички кај претседателот на СДСM Венко Филипче“, рече Милошоски и додаде:

„Доколку не успееме да постигнеме консензус, веројатно ќе останеме со истиот Изборен законик, според којшто се спроведуваат овие претходни парламентарни, локални и претседателски избори“.

Според него, Извештајот на ЕК е реален приказ на состојбите. Тој наброи дел од областите во кои, според тој Извештај се подобрени и за кои има пофалби, како самата Реформска агенда, надворешната политика, безбедносната политика, одбрана и соработката со ЕУ, дигиталната трансформација и повеќе услуги, електронски услуги за граѓаните, реформи во науката, истражувањето и иновациите.

„Има одредени теми каде што има слабости. Една од тие теми е борбата против високата корупција и состојбите во правосудството, бидејќи сè уште имаме низок процент на доверба и можеби послаба продуктивност. Тука би сакал да напоменам една работа. Прво, самиот правосуден систем не е систем на еден актер. Не може правосудството да биде оценувано само преку законите што ги носи Собранието. Тука улога имаат и Владата и Собранието и Јавното обвинителство и судиите. Еден систем на поврзани садови. По однос на Собранието, сметам дека имаме донесено прилично добри закони, коишто ги подобруваат состојбите во правосудството. Владата исто гледам дека вложува напори на тоа поле. Но, би сакал да напоменам дека има некои актери, можеби се поединци во судството, коишто ги рушат овие постигнати стандарди“, вели Милошоски.