Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Засилени инспекции по трагедијата во Кочани, голем број локали ставија клуч на врата

Ноќниот живот во Македонија замре. По трагедијата во клубот Пулс, веќе една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ноќниот живот во Македонија замре. По трагедијата во клубот Пулс, веќе една година дозвола да работат имаат само 7 дискотеки, на територијата на целата држава. Засилени се инспекциските надзори, изречени се голем број глоби, затворени се сите т.н. дискотеки и кабаре ноќни барови кои не ги исполнуваат условите за работа.

За само неколку месеци по кобниот 16 март 2025 година, институциите, иако десеткувани покажаа дека знаат како да ја завршат работата.

Со само 13 инспектори, Дирекцијата за заштита и спасување успеала да изврши над 1300 инспекциски надзори за девет месеци лани, од кои дури 800 вондредни по пријави на други институции и 500 редовни. 80 правни лица се казнети од ДЗС, и издадени се 35 решенија за забрана за работа.

Реклама

Од она што се смени, можам да кажам дека е донесена нова методолгија за проценка на ризик кај објектите на надзор, при што се класифицирани во бјексти на низок, среден и висок ризик и врз оснва на ризикот ќе бидат планирани инспекциските надзори, изјави Живко Ставрески, помошник на директорот на ДЗС.

Од Државниот пазарен инспекторат соопштувааат дека во текот на 2025 година извршиле 4432 надозри, а издадени се 1792 прекршочни налози и издадени се 162 решенија за привремена забрана за работа. Во 2024 година, овој број на постапувања бил за десет пати помал.

По трагедијата, министерството за економија и труд, задолжително доставува барање за утврдување на условите од Државниот пазарен инспекторат, и останатите надлежни институции секој во својата област и надлежност излегува на терен и доставува одговор до министерството во рамки на своите надлежности, соопштија од ДЗС.

По кобната вечер во Кочани, наеднаш продавниците кои продаваат ПП опрема останаа без залихи. Секој објект, тогаш побрза да купи опрема за да ги исполни минимално техничките услови за заштита од огнена опасност. Но, желбата за заштита од пожари траеше кратко. Денес противпожарни апарати има во избилство, а купуваат само тие што законски се обврзани. Трагедијата беше повод да се размрда и општеството. Државните институции велат дека трагедијата ја зголеми координацијата. Иако имаат ограничени ресурси, сепак успеваат да направат доволен број надзори за да се спречи нова трагедија. Од пазарниот инспекторат соопштија дека согласно годишниот план за 2026 година, а врз основа на проценка на ризик предвидена е минимум една инспекциска контрола годишно во угостителските објекти кои подлежат на лиценца како што се дискотека, ноќен клуб или кабаре.