Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Запуштен и заклучен: Луна Паркот останува голема градска рана

Основан во 1955тата година, а целосно обновен во 1973та, десет години по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основан во 1955тата година, а целосно обновен во 1973та, десет години по земјотресот, скопскиот Луна Парк броеше 20 реквизити кои повеќе од четриесетина години не беа ниту заменети, ниту пак нивната содржина беше обновена. Скопските градоначалници ги збогатуваа своите предизборни програми со ветувања за негова конечна реконструкција. Градежните зафати ги почна Коце Трајановски но прекинаа по промената на локалната власт. Петре Шилегов само ветуваше, а и Данела Арсовска не направи ништо. Луна Паркот во Скопје е веќе десет години затворен.
Стенд ап
‘’За разлика од Скопскиот, тој во Чернобил сепак личи на Луна Парк, и покрај нуклеарната катастрофа таму има панорамско тркало, тука нема ништо. Само празни зборови на хартија, кои ја пополнуваа програмата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска. Пробавме да влеземе но наидовме на заклучена врата и покрај тоа што во нејзината програма, во една од 16те приоритетни точки, беше и Луна Паркот кој требаше да биде еден од најсовремените на Балканов’’

Но наместо современ Луна Парк, освен заклучена врата, со кородиран ланец и катанец, ние затекнавме и решетки обраснати со бршлен. Затекнавме и неколку случајни минувачи, чие разочарување не можеа, а и не сакаа да го сокријат.
Анкета
‘’Мислам треба да имаат децата во градот место, катче каде што ќе се собираат, а ова, стварно претераа. Толку години ветуваа и ништо не е направено.
‘’Па мислам дека треба да се вложи во Луна Паркот, и да се направи, зошто мислам дека децата заслужуваат да уживаат како ние што сме уживале, нашата генерација.’’
‘’Велиме дека сме метропола, дека сме европски град аплицираме за град на културата а немаме елементарни работи. Мислам, не е само Луна Паркот. Штета за дечињата.’’
‘’Се надевам дека ќе се оправи, со промена на градоначалникот, како и сите луѓе. Тука јас сум растела, тука моите деца растеле, нас ни значи ова, на Скопјаните ни значи. Па сега…’’
Алфа побара одговор од Град Скопје за катастрофалната состојба на Луна Паркот, но оттаму, како по обичај, вината ја префрлија на друга адреса:
Телоп Град Скопје
‘’Ќе беше одамна готов Луна Паркот, ако во советот на град Скопје каде власт се советниците од партијата на Орце Ѓорѓиевски, тие гласаа да се отпочне со изградба, наместо да дозволат во тој простор надвор од сите закони и стандарди да владеат и стопанисуваат неколку дискотеки.’’
Но Скопјани се веќе сити од ваквите изговори и се што сакаат е промена на градската власт. И се надеваат дека следниот градоначалник ќе ги реши проблемите кои изминативе години и те како се наталожија во главниот град.

Новинар Кристијан Ниновски