Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Започнува 12. Фестивал на европската литература „Букстар“ во Скопје

Дванаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ започнува денеска и ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ започнува денеска и ќе трае до 30 септември во Скопје, под мотото „Чуму слободата?“. 

Како што соопштуваат од Антолог, во тридневната програма се најавени средби со странски и македонски автори, книжевни читања, разговори, поткасти и дебати.

Годинава во Скопје ќе гостуваат Јап Робен од Холандија, Елој Морено од Шпанија, Лилјана Коробка од Молдавија и Романија, Мартина Видаиќ од Хрватска, Гузел Јахина од Казахстан и Саша Бронвасер од Холандија. Во програмата се вклучени и повеќе од 30 македонски учесници. Како добитничка на наградата „Букстар 2026“, во Скопје претходно гостуваше Леа Ипи.

Реклама

Програмата започнува во 13 часот во Театар Комедија, со средба на Елој Морено со средношколци. Од „Антолог“ информираат дека местата за средбата се пополнети. Во 18 часот во „Лабораториум“ ќе бидат отворени 12. Саем на европската литература „Букстар“ и презентацијата на европскиот книжевен проект „EUREKA“, а половина час подоцна ќе се одржи дискусија за технологијата и вештачката интелигенција.

Фестивалот официјално ќе биде отворен во 19:30 часот со обраќање на писателката Оливера Ќорвезироска. Во 20 часот е предвиден разговор со Морено, по повод објавувањето на неговата книга „Новото патување на Малиот принц“. За разговорот е најавен и превод на знаковен јазик.

На 29 септември, во Паркот на поезијата при Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, ќе се одржи книжевното читање „Чуму слободата?“, со учество на странски и македонски автори. Вечерната програма во „Лабораториум“ опфаќа изданија на поткастот „Антологџии“ и разговори за историјата, личната меморија, загубата и сеќавањето.

Последниот фестивалски ден, 30 септември, ќе почне со настан посветен на Марџан Сатрапи во „Europe House Skopje“. Во 19 часот во „Лабораториум“ ќе се одржи средба со писателката Гузел Јахина, а програмата ќе заврши со дебата на тема „Бестселерот (не) може да биде голема литература“.

Влезот на сите фестивалски настани е бесплатен.