Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Започна градежната офанзива во Општина Илинден

Градежната офанзива во општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежната офанзива во општина Илинден започна со активностите за асфалтирање на новоизградената улица „103“ во местото „Јака“ во „Марино“. Оваа улица е во вкупна должина од 512 метри и широчина од шест метри, со тротоари од двете страни на улицата со широчина од 1,5 метри, соопштија денеска од локалната самоуправа.

– Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид и истакна дека по претходно извршеното профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото со соодветна стисливост на тампонскиот слој, деновиве се нанесува првиот асфалтен слој на улицата. Воедно, пред започнувањето на овие активности беа реализирани повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти што се наоѓаат долж улицата, информираа од Општината.

Од локалната самоуправа истакнаа дека во наредниот период ќе се продолжи со изградба, реконструкција, санација и рехабилитација и на други улици во месноста „Јака“, како и во сите останати населени места низ општината, со цел обезбедување квалитетни и современи услови за живот на сите граѓани.