Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Прилози

Запленет ботокс од Јужна Кореја вреден 10 илјади евра

Нов шверц на ботокс. Запленети се 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“.Од Царинската управа велат дека е поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. При деталната царинска контрола ниедно од нив не било наведено […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов шверц на ботокс. Запленети се 199 вијали во вредност од околу 10.000 евра. Царинарниците ги откриле во поштенска пратка со натпис „козметички примероци“.Од Царинската управа велат дека е поднесена кривична пријава против доктор и медицинска сестра кои се вработени на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. При деталната царинска контрола ниедно од нив не било наведено на фактура.

Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик. Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поведе посебни предистражни дејствија, во чии рамки по налог на јавен обвинител извршен е и претрес на три локации.“- велат од Царинската управа.

Од Царинската управа појаснуваат дека докторот ја организирал нарачката со тоа што нарачал ботокс од фирма во Кореја, а со нив се договорил да направат лажна фактура во износ од 80 долари. Медицинската сестра се согласила пратката да пристигне на нејзино име и адреса, а воедно ја платила лажната фактура со својата трансакциска сметка.

Реклама

Царинска управа апелира до сите учесници во увозните постапки дека секој обид за криминал ќе биде најстрого санкциониран. Увозот на ботокс е строго регулиран и подлежи на посебни дозволи од надлежни институции и секоја измама поврзана со увоз на ваква или слична стока претставува опасност за здравјето на граѓаните. Порачуваме дека Царинската управа и понатаму ќе има нулта толеранција кон сите што се обидуваат да работат спротивно на законот.“- велат од таму.

Инаку, ова не е прв случај каде се запленети вакви медиицнски препарати. Во април годинава-  хирурзи, дерматолози како и сопственици на дерматолошки ординации беа фатени од полицијата како нелегално ги набавувале па ги продавале на црно ботоксии филери од Србија, Кореја и од Турција.Во полициската акција беа приведени шест луѓе, четворица добија куќен притвор, а деветмина поминаа со мерки на претпазливост.