Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Запленет автобус специјално адаптиран за криумчарење и над 500 парчиња облека со потпис на познати светски брендови

Откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откриен случај во кој автобус со косовски регистарски таблички кој извршува редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен од страна на царински службеници на влез во државата на граничен премин Деве Баир. При извршената контрола  во делот на просторот за багаж  на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

Запленети над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен од мобилен тим по извршена детална контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки во Царинска испостава 1014.

Во друг случај се запленети 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово. Делото за повреда на права од интелектуална сопственост е откриено од царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран.

Реклама

Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце. Лицето сакало да ги шверцува во државата без да плати давачки во износ од 57 илјади денари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село.