Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

🎥 Запалени штабови, шок бомби, солзавец – протести во Србија

Солзавец, камења, демолирање објекти, тепачки – продолжуваат немирите во Србија. Антивладините протести…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Солзавец, камења, демолирање објекти, тепачки – продолжуваат немирите во Србија. Антивладините протести синоќа прераснаа во жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во повеќе градови, под мотото „Србија не може да се смири“. Најмасовниот протест се одржа во Ваљево. Група маскирани лица го нападнаа локалното седиште на владејачката „Српска напредна странка“, при што беа демолирани просториите и запален дел од нив, а демонстрантите влегоа и во зградата на обвинителството и градската администрација. Пожарникарите интервенираа за да го изгаснат пожарот.

Инциденти имаше и во Нови Белград, каде полицијата употреби солзавец и оклопни возила за да ги растера демонстрантите кои фрлаа пиротехника и разни предмети. 

Во Нови Сад, пак, демонстрантите со боја ги нападнаа просториите на локалните партии и коалициските партнери на Срспската напредна странка, а знамето на Српската радикална партија беше симнато и запалено. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од Палата Србија најави дека во следните три до четири дена граѓаните ќе видат „изненадувачки одлуки на државата“ поврзани со протестите.

Реклама

Тие не сакаат полиција, не сакаат држава, тие не сакаат ред. Тие сакаат да може да прават што сакаат и да им е дозволено да прават што сакаат и да се чудат кога некој ќе им каже дека постојат норми и правила“, изјави Александар Вучиќ претседател на Србија.

Протестите, кои траат со месеци, првично беа иницирани од студентите по трагедијата во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Демонстрантите ја обвинуваат власта за корупција и бараат владеење на правото и распишување предвремени избори, што владата досега одбива да го прифати.