Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Замрзнат е статусот на полицајците во истрагата за „Пулс“

Во мирување е работниот однос на полициските службеници инволвирани во истрагата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во мирување е работниот однос на полициските службеници инволвирани во истрагата за трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврдува дека нивниот статус  е замрзнат сè додека трае постапката и оти тие се иземени од тековните работни обврски во МВР.

„Јавното обвинителство е оној орган кој е надлежен да постапува во овој дел од истрагата. Истрагата во оној дел за полициските службеници кој што се спроведува од ЈО за гонење на организиран криминал се уште не е завршена, така да тој е тој кој одлучува за судските статуси на полициските службеници во рамки на нивното функциорнирање во МВР, нивниот статус е замрнзат односно они во рамки на овој временски период ќе бидат оддалечени во тековното функционирање на министерството“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски истакна дека институциите се должни да одговорат на прашањата на јавноста и на семејствата на загинатите, посочувајќи дека МВР делува неселективно, професионално и без калкулации.

Реклама

„Сметам дека тоа што требаше да биде сторено од МВР е сторено во целиот овој временски период: Покажавме на јавноста и граѓаните дека може и поинаку да се работи, неселективно, имаме нормален пристап и покрај сите обвинувања од опозицијата и без оглед на име презиме МВР знае да постапува професионално и никогаш нема да дозволи оној за кој што има докази има основни сомнение да не процесуира постапка. Тоа го покажуваме на дело во рамки на мандатот и ќе продолжиме така, за разлика од претходно, а народот го гледа тоа. А да родителите имаат право да постапуваат прашања, а државата е должна да дава одговори“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи во април годинава и однесе 62 животи, меѓу кои и малолетни лица, а над 200 беа повредени. Во тек е истрага која треба да расчисти со одговорноста на сите директно и индиректно инволвирани. Обвинети се 34 лица, меѓу кои сегашни и поранешни градоначалници, поранешни министри и полицајци.