Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Заменик-министерот Зоран Димитровски го отвори настанот по повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата

По повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата во Македонија, Министерството за надворешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод одбележувањето на Месецот на франкофонијата во Македонија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија организира настан на тема „Моќни жени: Портрети на инспиративни франкофони“, на кој воведно обраќање имаше заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски.

Во своето обраќање заменик-министерот Димитровски ја истакна важноста на франкофонијата како значајна платформа за зајакнување на меѓународната соработка и мултилатерализмот. Тој особено се осврна на улогата на жените во современото општество и во дипломатијата нагласувајќи дека тие претставуваат двигатели на позитивни промени и одржлив развој.

„Охрабрува фактот што во пресрет на изборот за генерален секретар на Обединетите нации сè погласни се очекувањата дека првпат оваа позиција би можела да ја заземе жена, што претставува значаен чекор кон унапредување на родовата еднаквост на глобално ниво. Дополнително, беше нагласено дека фактот што државата има жена претседател испраќа силна порака за местото и улогата на жените во општеството”, истакна Димитровски.

Реклама

Заменик-министерот упати порака и до младите охрабрувајќи ги активно да се вклучат во општествените процеси, да инвестираат во своето образование и да придонесуваат кон зајакнување на односите со франкофонскиот свет.

Настанот продолжи со панел-дискусија, на која свои обраќања имаа Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Француската Република, Моника Аксинте, амбасадорка на Романија, како и Кристоф Сомер, амбасадор на Швајцарската Конфедерација, кои ги споделија своите искуства и размислувањата за улогата на жените во франкофонскиот свет и во современото општество.

Со овој настан уште еднаш беше потврдена посветеноста на Македонија кон унапредување на франкофонските вредности, родовата еднаквост и меѓународната соработка.