Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, и со заменик-шефицата на мисијата, Ана Андрес Ернандез.
Како што соопштија од Министерството, разговорите беа насочени кон унапредувањето на билатералните односи, европската интеграција на Македонија и можностите за продлабочување на соработката со Шпанија како земја членка на Европската Унија.
-Трајков ја истакна важноста на поддршката од земјите членки на ЕУ во процесот на пристапување, како и потребата од континуирана размена на искуства и добри практики во спроведувањето на европските реформи, се наведува во соопштението.
Беше нагласена, се додава, и важноста на развивањето на партнерства што ќе придонесат за посилни институции и поблиска соработка меѓу двете земји.

