Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Продолжуваат реконструкциите на улици во Куманово, се уредуваат и пешачки патеки

Во Куманово продолжуваат градежните активности за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Куманово продолжуваат градежните активности за реконструкција и подобрување на патната инфраструктура на повеќе локации во градот, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на условите за движење на граѓаните.

Во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата 425 во населбата Иго Тричковиќ, каде што се отстранува стариот асфалтен слој и се гради потпорен ѕид на дел од улицата за стабилизирање на теренот и зголемување на безбедноста.

Во претходната фаза од проектот беше реконструиран дел од улицата, при што беа поставени 5.400 квадратни метри нов асфалт и беше изградена пешачка патека со површина од 2.000 квадратни метри.

Реклама

Градежни работи се изведуваат и на улицата Индустриска, каде што се врши гребење на стариот асфалт и изградба на пешачка патека.

Паралелно, на улицата Моша Пијаде се поставуваат средства за смирување на сообраќајот, заедно со пешачки премини на две локации во непосредна близина на детската градинка Ангел Шајче.

Со овие активности се очекува да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на пешаците и децата кои секојдневно се движат во близина на градинката.