Реклама

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Македонија

Струмица формираше Координативно тело за справување со загадувањето на воздухот

Општина Струмица формираше Координативно тело за  справување со загадувањето на воздухот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица формираше Координативно тело за  справување со загадувањето на воздухот и следење и откривање на загадувачите, а во него ќе членуваат претставници на државни и општински институции.

Ова е заклучoкот од денешната седница на Локалниот совет за превенција на која се расправаше за активности и мерки за заштита на животната средина и квалитетот на амбиенталниот воздух во Општина Струмица.

Според градоначалникот Петар Јанков, ова година Струмица го зголемила бројот на мерните станици од 6 на 12 и плус таа на Министерството за животна средина и просторно планирање, со што се создадени услови за следење на квалиетот на воздухот на повеќе локации.

Реклама

-Формиравме Координативно тело со цел за размена на информации од сите релеватни институции на локално ниво и сите заедно треба да бидеме покоординирани во справувањето со загадувањето. Разговаравме и дебатиравме за повеќе прашања во делот на аерозагадувањето и притоа произлегоа повеќе предлози, а од следната недела Координативното тело ќе почне да делува и ќе има работни состаноци за да можеме сите заедно да работиме на намалување на аерозагадувањето – изјави Јанков.

Додаде дека посебен проблем се дивите депонии, бидејќи, како што рече, секое населено место во Струмица има таква депонија и цел на Општината сите овие депонии да бидат расчистени и да се одредат места каде ќе се врши претоварување и селекција на отпадот и кој понатаму ќе биде третиран од комуналното претпријатие.

Според екоактивистите, загадувањето на воздухот во Струмица не се должи само од домаќинствата и возилата, туку во определени периоди од денот се забележуваат пикови кога во воздухот има присуство на сулфур, кој според еколозите доаѓа од согорување на масла и петрол кокс.

Тие побараа од надлежните ефикасно справување со проблемите на загадувањето на амбиенталниот воздух, а својот став го изразија и преку транспарент на кој беше напишано „Време е да превенирате, а не само да си дискутирате“.