Реклама

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Македонија

Непречено се одвива откупот на тутунот, досега се купени 1 300 тони по 435 денари

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и нема никакви проблеми,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутунот во земјава се одвива непречено и нема никакви проблеми, ниту забелешки, информираат од  Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Од 10, веќе осум откупни фирми го преземаат родот по цена од 435 денари за килограм, што значи квалитетниот род се цени во прва класа. Од 17 ноември, кога почна откупот досега се преземени околу 1 300 тони тутун. 

-Нема никакви проблеми во текот на откупната кампања на тутунот. Веќе осум фирми го преземаат родот од производителите, а уште две фирми „Сокотаб“ и „Пашоски“, пунктовите ќе ги отворат до крајот на месецов. Да потсетиме, крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември, но речиси сите компании ги отвораат пунктовите во предвремениот период. Се откупува во прва класа по 435 денари за килограм поради високиот квалитет на родот, одбитоци од 3 проценти има само на долните берби. Од 324 откупни пункта во земјава, се отворени 120 – вели Кире Ристски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

До поверениците на вагите на откупните пунктови нема забелешки, ниту на оспорување на откупениот род.

Реклама

-Деновиве во Министерството за земјоделство имавме состанок и е договорено субвенциите да се исплаќаат според предадените, а не според договорените количества тутун, што е добро за производителите – објасни Ристески.

Прилепскиот тутунски комбинат од стартот ги отвори сите 34 откупни пункта во земјава. Нема проблеми, ниту застој во исплатата на откупените количества тутун. Годинашнава реколта се оценува на околу 26 000 тони, иако 10-те откупни фирми договорија поголеми количества. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најави субвенциите да се зголемат за 10 денари, за сметка на изоставувањето на зелената нафта. Значи, наместо досегашните 80 денари, да се плаќаат сувенции по 90 денари за килограм. Сѐ уште не се знае дали тоа ќе важи од оваа година.