Реклама

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Македонија

Претставата „Моби Дик“ утре премиерно во Театарот за деца и младинци во Скопје

Театарот за деца и младинци утревечер премиерно во 19 часот ќе ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Театарот за деца и младинци утревечер премиерно во 19 часот ќе ја изведе претставата „Моби Дик“, работена според романот на Херман Мелвил во режија на Дамјан Кецојевиќ. Станува збор за семејна претстава наменета за публика над 10 години и низ приказната за опсесивната потрага по белиот кит отвора низа прашања за човечката природа, опсесијата, пријателството, моралните избори и односот на човекот кон природата.

Во претставата играат Ана Левајковиќ-Бошков, Мики Анчевски, Наташа Петровиќ, Никола Наковски, Ненад Митевски, Петар Стојанов и Симона Спировска. Драматизацијата и адаптацијата се на Тијана Грумиќ, драматург е Драгана Лукан Николоски, сценограф Андреја Рондовиќ, а музиката ја потпишува Круме Стефановски.

В.д. директорката на Театарот за деца и младинци во Скопје, Фросина Карловицс на денешната прес-конференција нагласи дека „Моби Дик“ е еден од капиталните романи на светската книжевност, но и книга што, и покрај временската и културната дистанца, и денес за читателите од различни генерации претставува огромно уживање и возбудлива читателска авантура. 

Реклама

-„Моби Дик“ е една моќна сценска приказна за храброста, опсесијата, пријателството, секако и односот кон природата, кој отвора суштински прашања за младите генерации. Но може и ние повозрасните да се запрашаме. Така? Станува збор за една претстава којашто го има најважниот момент којшто треба да го понуди Театарот за деца и младинци, а тоа е да не ѝ попува на публиката. Значи, претставата е направена на начин да ја вовлече публиката во самото дејство и на младите, а и на возрасните коишто ќе ја гледаат, да им предизвика низа емпатија со тоа што го гледаат, да ги согледаат последиците на одредено однесување. И мислам дека тоа е една од најголемите квалитети коишто ги нуди оваа претстава – едно ниво на комуникација коешто нема да предизвика кај публиката одбивност заради чувството на тоа дека некој надмено ѝ се обраќа – рече Карловицс.

Режисерот Дамјан Кецојевиќ истакна дека најголем предизвик бил обемниот роман да се адаптира за сцената и истовремено да се доближи до современиот гледач. Потенцира дека намерата била класичната приказна да проговори за денешното време, не само преку еколошката тема, туку и преку универзалните човечки страсти и опсесии кои остануваат непроменети низ вековите.

-Не сакавме да даваме готови решенија, туку преку театарскиот јазик да поставуваме прашања и да поттикнеме размислување. Театарот има моќ информацијата да ја претвори во емоција и токму затоа пораките допираат на поинаков начин до публиката – рече Кецојевиќ.

Тој нагласи дека претставата не е наменета исклучиво за деца, туку е конципирана како семејно искуство во кое различни генерации можат да препознаат различни значења и пораки. ​Потенцира дека во поделбата нема имиња на ликови, туку само имиња на актери, бидејќи сите играат повеќе улоги (вклучувајќи наратори и различни ликови) и учествуваат во сценските промени.

Костимографката Александра Лалиќ истакна дека наместо историски костими од 19 век, избран е современ визуелен пристап кој ја следи универзалноста на приказната.

-Костимите содржат референци на епохата, но се преведени на современ јазик. Користевме и реупотребени материјали, со што се надоврзавме на еколошкиот концепт на сценографијата – рече Лалиќ.

Композиторот Круме Стефановски, кој по дваесетина години повторно работи во Театарот за деца и младинци, рече дека музиката се создавала низ долг процес на разговори и анализа на текстот.

-Настојувавме преку музиката да ги изградиме атмосферата и емоциите на претставата и се надевам дека како тим успеавме да создадеме силно сценско доживување – изјави Стефановски.

Актерот Никола Наковски оцени дека претставата обработува безвременски теми на специфичен и комуникативен начин.

-Успеавме да направиме претстава која покрај тежината на темата има и комична нишка што ја прави блиска и привлечна за публиката – рече Наковски.

Неговиот колега Петар Стојанов ја оцени претставата како еден од најзначајните проекти во неговата кариера.

-Целиот ансамбл беше целосно посветен на процесот и верувам дека го дадовме максимумот – изјави Стојанов.

Актерката Ана Левајковиќ-Бошков нагласи дека претставата функционира како прецизно изграден ансамблов проект во кој секој актер има важна улога во раскажувањето на приказната.

-Ние сме како еден вид алка, затоа што ако еден го нема, ако таа алка се отвори, не може да се направи оваа претстава. Буквално се игра последователно. Еве јас ќе кажам, јас сум газдарицата на гостилницата што ја отвора претставата и јас ако вечерта не ја отворев гостилницата, не можеше ни Исмаил да дојде и да се раскаже оваа навистина многу прецизна претстава, затоа што ќе видите кога ќе ја гледате претставата колку сè делчиња има што се направени и од плексиглас и од стапчиња, колку тоа се прецизно се мести и се разместува – рече Левајковиќ-Бошков.