Реклама

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Македонија

Прв форум за енергетска дипломатија: Енергетската транзиција нема да успее ако жените не учествуваат рамноправно

Женското лидерство не е услуга за жените, туку разумна енергетска политика. Да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Женското лидерство не е услуга за жените, туку разумна енергетска политика. Да им го отвориме патот на девојчињата кон науката и инженерството, да ги унапредуваме жените на позиции во контролните сали и управните одбори, да им обезбедиме место на масите на кои се одлучува за енергетската политика, инвестициите и регионалните договори. На тие маси енергијата станува дипломатија – порачаа денеска учесниците на првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори на енергија и жените во енергетиката” што се одржува во Скопје.

Како што беше истакнато, енергетската транзиција нема да успее ако жените не учествуваат и не придонесуваат рамноправно. Потребни се жени што ќе креираат политики, ќе раководат со компании, ќе развиваат технологии и ќе ја обликуваат меѓународната соработка.

- Maqedonia është më ndryshe se sa para dy vjetëve. Krijojmë zgjidhje që zgjasin, krijojmë të ardhme. Përgjegjësia jonë është që vendimet që i marrim sot të krijojnë siguri për gjeneratat që

-Иднината на енергетиката не може да се обликува без жените што имаат знаење, искуство и храброст да водат. Жените треба да ги поставуваат приоритетите, да ги водат преговорите, да ги градат партнерствата и да преземаат одговорност за резултатите. Не зборуваме само за застапеност, зборуваме за влијание. Кога во одлучувањето учествуваат повеќе жени, институциите се зајакнуваат со дополнителни знаења и компетенции, а одлуките се носат со повеќе искуство и разни гледишта. Наша обврска е да го отвориме патот за следната генерација: инженерки, експертки и лидерки, потенцира  министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Реклама

Според Меѓунардоната агенција за енергија, жените заземаат приближно едно од пет работни места во енергетскиот сектор и само 18 проценти од раководните позиции.

-Во нашиот регион, жените сочинуваат 17 до 18 отсто од работната сила во овој сектор. Дури и во секторот на обновливи извори, уделот на жените останува непроменет 2019 година и изнесува 32 процента, а бројот на работни места би можел речиси да се удвои до 2030 година. Нема да ги пополниме тие работни места, ниту да победиме во оваа трка, ако половина од нашиот талент остане настрана, потенцира постојната координаторка на ОН во земјата, Рита Колумбија.

null

Податоците од УНДП покажуваат дека Македонија е една од десетте земји од Европа и Централна Азија во кои жените заземаат едно од три зелени работни места. Сепак, жените во Македонија веќе се на значајни раководни позиции, вклучително и во енергетскиот сектор и тоа охрабрува, но можностите мора да бидат достапни на сите нивоа во индустријата.

Како што оцени постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија, Арменд Грегоријан, вистинската еднаквост не се постигнува кога неколку жени ќе стигнат до врвот, туку кога секоја способна жена ќе има еднаква можност да успее.

null

-Иднината на енергетиката нема да биде определена само од ресурсите што ги имаме или од технологиите што ни се на располагање, туку и од луѓето на кои им даваме можност да донесуваат одлуки. Во време кога човештвото бара нови извори на енергија, некои општества се уште спречуваат половина од своето население да го оствари сопствениот потенцијал. Индексот на родовите општествени норми на УНДП од 2023 година покажа дека речиси девет од десет луѓе во светот се уште имаат барем една длабоко вкоренета предрасуда кон жените. Скоро половина сметаат дека мажите се подобри политички лидери, рече Грегоријан.

Учесниците ставија фокус и на зелената енергија. Колумбија нагласи дека напредокот е можен и како пример ја посочи Македонија.

-Напредокот е можен. Македонија го докажува тоа. За пет години, уделот на електричната енергија произведена од обновливи извори се зголеми од 29 на 46 проценти, а инсталираната моќност достигна 1.842 мегавати. Ова придонесува за Целта за одржлив развој 7: почиста енергија и почист воздух. Заслугата им припаѓа на институциите, компаниите и граѓаните на оваа земја, рече  постојната координаторка на ОН.

На форумот присуствуваат над 200 домашни и странски гости, високи владини претставници, меѓународни организации, финансиски институции, претставници од дипломатската заедница и приватниот сектор. По официјалното отворање беше потпишана платформа за жени во енергетската диопломатија која, како што беше нагласено, треба дијалогот да го претвори во долгорочна заложба за соработка, размена на знаења и поголемо учество на жените во креирањето на енергетските политики и инвестиции.