Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Законот за работно ангажирање лица презентиран пред бизнис-заедницата во Охрид

Проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Македонија“ како дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот „Подобри услови за вработување на сезонските работници во Македонија“ како дел од Кампањата „Фер ангажман“ денеска беше презентиран пред претставниците на бизнис-заедницата во Охрид.

Информативната сесија во Охрид беше добра можност работодавачите од секторите на дејност земјоделство, туризам, угостителство, услуги во домаќинството, како и пошироката јавност да се информираат за придобивките и правата уредени со новата легислатива.

Законот за работно ангажирање на лица обезбедува правна сигурност и фер-правила за сезонска и повремена работа, обезбедува пријавена работа, пензиски стаж, осигурување при повреда на работа, зачувување и поедноставена електронска на социјалните права на работниците, како и поедноставена електронска регистрација за работодавачите, беше посочено на презентацијата.

Реклама

Кампањата „Фер ангажман“, е осмислена во насока да се создаде поефикасен, законски и фер-систем за ангажирање на сезонски и повремени работници. Таквиот пристап овозможува сигурност за работниците и ефикасност за работодавачите и е дел од пошироката поддршка на Германија за реформите на пазарот на трудот и намалување на неформалната економија во Македонија.

По одржаните сесии во Тетово, Прилеп, Неготино, Куманово, Струга и Охрид кампањата продолжува во Струмица на 28 април.

Кампањата  ја спроведуваат Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Центарот за истражување и Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување, со финансиска поддршка на Сојузна Република Германија.