Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Законот за пушење стартува фазно – прво едукација, потоа казни

Почетокот на март нема да значи и старт на казнувањето за пушење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на март нема да значи и старт на казнувањето за пушење цигари пред училишта, јавни установи, во угостителски објекти, или на автобуска постојка. Ќе се почне со информирање и едукација, а казнувањето доаѓа на крај. Од Министерството за здравство велат дека целта не целосно е да се забрани пушењето, туку да се заштити здравјето на граѓаните.

„Еве законот го има, но еве ќе ви дадеме простор во кој што ќе ве информираме дека работите незаконски и ќе се нотира која институција работи. Тоа не може безкрајно да се дозволи, но еве мислам дека е добра практика државата заедно со бизнис заедницата бидејќи тука се работи за сензитивен екосистем кај што имаме мали претпријатија која што нудат услуги пример ресторани, кафичи и така натаму, имаме производство на тутун, така да сакаме еве во првиот период да излеземее во пресрет и да ги информираме дека чекорите кој што ги имаат или треба да ги менуваат на производство и на услуги или треба да бидат казнети.“- вели министерот за здравство. Азир Алиу.

Министерот за здравство инсистира дека пред да стапи на сила законот за заштита од пушење, најпрво треба да се обезбедат доволен број на инспектори кои ќе проверуваат дали законот навистина се спроведува. Како што вели Алиу намерата е да не се повтори практиката од 2010 година кога истиот закон беше на сила, а сепак никој не го почитуваше.

Реклама

„Ако ние почнуваме со казни ќе ни се случи дека заради капацитетите на луѓето што ги имаме а тие се лимитирани, нема да имаат време да одат од една во друга институција. И за жал ние имавме такво сценарио каде што не се пушеше во Скопје ама се пушеше на 20 или 15 километри надвор од Скопје, навистина не сакам да се доведеме до таква ситуација.“- вели Алиу.

Според новиот преглог закон се планира забрана не само на класичните туку и на електронските цигари, “вејп” апаратите и други уреди кои содржат никотин во сите угостителски објекти, фирми, јавни институции, автобуски и железнички станици, пазари и јавни места каде има повеќе луѓе. Не смеат да се пушат цигари ниту во автомобил ако има малолетно дете.

Според предложеното во законот, во рестораните и кафулињата ќе биде дозволено пушење само на терасите ако се отворени од најмалку 3 страни, а не како досега застаклени или преградени со фолии. Казните за непочитување ќе се движат од две до пет илјади евра.