Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Пренџов: Донесовме одлука за организирање јавна расправа за новиот реформски закон за ЈО

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на иницијатива на политичката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на иницијатива на политичката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, донела одлука за организирање јавна расправа по повод новиот реформски закон за Јавното обвинителство, информира Љупчо Пренџов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека како претседател на Комисијата смета оти ова е многу важен закон, затоа што, како што истакна, независно од која политичка номенклатура доаѓаат пратениците, сите разговараат со гражаните и знаат дека правосудството е рак рана на нашето општество.

– Ова особено во делот на Јавното обвинителство, каде што, поради начинот на функционирање, многу од предметите кои што треба да добијат судска разврска, не можат да стигнат ниту до судовите во Македонија. Затоа сметам дека реформирањето на Јавното обвинителство и тоа како претставува еден сериозен и реформски закон, рече Пренџов на денешната прес-конференција во Собранието.

Реклама

Тој додаде дека е горд што во мандат додека тој е претседател на оваа Комисија има квалитативна и квантитативна разлика во споредба со нејзината работа во минатото, но и во споредба со другите работните тела во рамки на Собранието.

-Организираме јавна расправа на која што ги покануваме сите експерти од областа која што е предмет на таа јавна расправа, повикуваме професори и заинтересирани страни, не како и невладини од граѓански сектор, со цел да дадат едно свое видување до пратениците, кој што потоа на второ читање, да бидат поспремни за амандманската расправа, со цел да имаме уште подобро законско решение од она која што е во моментот во Собранието, рече тој.

Потсети дека имало јавна расправа за трите закони поврзани со јавната администрација, одржана биле јавни расправи за закон за висока раководна служба, за кривичниот закон, јавна расправа за безбедност на патиштата.