Можеби нема да одговараат во Македонија, но дел од поранешните команданти на УЧК, кои сега носат костуми и вратоврски, се заканија дека ќе направат хаос во државата ако Меѓународниот специјален суд ги осуди нивните водачи за воени злосторства.
Имено, поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК, одлука која треба да ја соопшти на 16 септември.
Во своето гостување на телевизијата „Т7“, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесе косовскиот медиум „Зери“. Слична, но малку поблага изјава пред еден месец даде и Ахемти, кој рече дека лично не се плаши за себе од евентуално активирање на хашките судски случаи, но предупреди дека отворањето на старите рани од минатото носи поголема болка и ризик отколку создавањето нови, осврнувајќи се на прашања поврзани со конфликтот од 2001 година.

