Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Загаден викенд во Штип, надминати дозволените денови со ПМ честички

Ветровитиот Штип, викендов се најде на листата на градови со загаден воздух,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ветровитиот Штип, викендов се најде на листата на градови со загаден воздух, откако мерните станици регистрирале зголемени концентрации на ПМ честички над дозволеното. Според податоците од Лабораторијата за животна и работна средина „Амбикон“, при УГД, годинава веќе е надминат дозволениот број денови со пречекорување на граничните вредности. И покрај тоа, Штип и натаму останува меѓу почистите градови во државата според просечниот квалитет на воздухот.

„Граничната вредност на дозволените денови со пречекорување е 35, а во Штип веќе имаме 41 ден со тие надминувања на концентрациите. Мислам дека и претходната година имавме надминување, меѓутоа просечната концентрација е многу пониска и е во рамки на дозволените вредности“, изјави Бобан Самарџиски, од Лабораторијата Амбикон, при УГД – Штип.

Како една од главните причини за загадувањето, експертите го посочуваат затоплувањето со дрва, кое значително ги зголемува концентрациите на ПМ честички, а дополнително влошување на квалитетот на воздухот предизвикува и временската состојба, објаснуваат од Амбикон.

Реклама

„Немаме струење на воздухот, односно се јавува температурна инверзија и со нејзина појава топлиот воздух се наоѓа погоре, а ладниот воздух долу и со тоа маглата го притиска воздухот и се создаваат уште повисоки концентрации“, изјави Бобан Самарџиски, од Лабораторијата Амбикон, при УГД – Штип.

Идентична била состојбата и во Делчево, каде пред три месеци е поставена мерна станица. И таму биле регистрирани зголемени концентрации на ПМ честички. Лекарите апелираат граѓаните, особено хронично болните, децата и повозрасните, да избегнуваат подолг престој на отворено, како и да ги следат препораките за заштита од загадениот воздух.